| четврток, 6 декември 2018 |

Саше Политико и Зиков во дуел, Бучковски ги смирувал?!

politikoКонфликт меѓу лидерот на Алијансата за позитивна Македонија, Љупчо Зиков и сопственикот на „Мактел“, Саше Ивановски Политико, кој воедно е и носител на кандидатска листа на партијата Народно движење за Македонија. Дуелот настанал во холот на МТВ при снимањето на видеата за промоција на носителите на листи за пратеници.

Според Политико Зиков изреагирал на текст објавен на „Мактел“, каде што Политико на некултурен начин го коментирал плакатот на алијансата за позитивна Македонија. Тој вели дека поголем инцидент спречил експремиерот Владо Бучковски, кој ги раздвоил двајцата.

Ljupco-Zikov-int-2014-2

Зиков не го коментира настанот сметајќи дека ова е само начин Политико да си крене публицитет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top