| четврток, 6 декември 2018 |

И Пендаровски го нарече македонскиот народ стока (видео)

Stevo-Pendarovski-12

Говор на омрза кон граѓаните и народот кои својот глас во првиот круг го дадоа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, може да се забележи од страна на подржувачите на Стево Пендаровски.
Ѕидот на официјалната страница на „Фејсбук“ на кандидатот на СДСМ е преполн со потценувачки коментари од страна на фановите на Пендаровски кон граѓаните и народот, што буквално претставува говор на омрза кон сите оние кои во првиот круг не гласаа за Пендаровски.

– Како можат да го гласаат Иванов, не ми е јасно, толку ли се прости… Не разбирам како може да бидеме толку проста држава… За Ѓорге Иванов гласаат, па не се нормални… Македонштина, во крвта ни е да бидеме под ропство, Дај Боже да умрат сите тие што гласаа за ВМРО…Ова се само дел од навредливите коментари на неговиот профил на „Фејсбук“.

И самиот Пендаровски за време на вчерашната посета на Лисиче ги навреди мнозинството граѓани кои својот глас во првиот круг го дадоа за Иванов. Според Пендаровски, оние кои гласале за Иванов биле качувани во комбиња како стока.

– Вие имате една предност пред нив, вас не ве качуваат во комбиња како стока, туку гласате како граѓани со име и со презиме – рече Пендаровски.

Меѓу првите кои вулгарно ги навреди оние преку 400.00 граѓани што својот глас го дадоа за Иванов беше Мирјана Најчевска, поранешна раководителка на Хелсиншкиот комитет, која на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека овие луѓе имале ниско ниво на интелигенција.

najcevska

Ваквите навреди од страна на самиот Пендаровски, неговите поддржувачи и лица кои во јавноста важат за блиски до СДСМ се израз на гнев и лутина и следуваат по убедливата предност на Иванов во првиот круг од преку 120.000 гласа пред Пендаровски.

Вината за лошиот резултат на Пендаровски, наместо да се бара во раководството на СДСМ, претседателскиот кандидат на СДСМ и неговите фанови ја бараат кај народот кој на демократски начин го даде својот глас, притоа користејќи вулгарни навреди кои претставуваат говор на омраза.

Извор: Курир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top