Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги почнува средбите со граѓаните во скопско Волково со почеток во 14.00 часот.
Во 15.00 часот, Пендаровски ќе се сретне со жителите на Кисела Јабука, а подоцна и со жителите на Ново Село. Во 16.10 часот, кандидатот за претседател ќе посетува домаќинства и ќе се среќава со жителите на населба Даме Груев.
Во 18.30 часот, Пендаровски заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе присуствува на граѓански собир во паркот во Ѓорче Петров, каде што ќе има свое обраќање.
Пендаровски ќе се обрати и на граѓанскиот собир што ќе се одржи во паркот во Капиштец, кај Заводот за вработување, со почеток во 20.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.