| четврток, 6 декември 2018 |

Саше Политико со колумна до СДСМ: На местото на Шекеринска и Заев да дојде некој без тендери, аболиции и кичми

politiko

Човекот што важи за близок до раководството на СДСМ, Саше Ивановски- Политико, во колумна упатена до СДСМ раскажува за Заев и неговото „ауди А8“.

Ивановски смета дека ќе било подобар маркетиншки трик доколку Заев се возел со некое постаро возило, поради што ќе изгледал многу посимпатично во очите на народот.

-Но друго ми беше муабетот. Го здогледав службениот автомобил на Заев паркиран пред седиштето на СДСМ. Беше тоа најново „ауди А8“ со фул опрема, сигурно чини преку 50.000 евра. Го гледав автомобилот едно 5 секунди и некои работи не ми идеа во глава. За кој кур му е волку скап автомобил на Заев? Нели ќе беше подобар маркетиншки потег ако се возеше во некое постаро и поскромно возило, тоа ќе изгледаше многу симпатично во очите на народот. И тие пари што се дале за оваа лимузина немаше ли да бидат подобро искористени ако се дадеа за купување на некоја телевизија, па нека е и наменска – пишува Ивановски.

Тој бара од Радмила Шекеринска и Зоран Заев храбро да загинат пред заминување и нa нивно место да дојде некој друг, без тендери и аболиции и кичми.

-Заев и Рада пред заминување барем нека загинат со борба храбро. Друг некој, без тендери и аболиции и кичми, без Дајнерс дубари, без џипови паркирани у гаража ќе го смени паторот. Некој кој нема да го милува Ахмети како да му е сестричка, некој кој нема да се гледа со странците секој ден како да е емисар на Уницеф во земјата а не лидер на опозиција која треба да биде блиска со народот. Народот кој сеуште не може да им прости на тие странци за 2001-ва и проблемот со името за кое прашање западот е солидарен со Грција и тоа не му се допаѓа на нашиот народ.  Во основа прости се работите, ама за глупаци и најосновни работи изгледаат научна фантастика!!! – пишува Ивановски.

Сашо Ивановски – Политико е уште едно од лицати кое отворено ја поддржуваа опозицијата, но по дебаклот кој го доживеа СДСМ во првиот круг од претседателските избори директно се свртеа кон раководството на СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top