Носителот на кандидатската листа за пратеници на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денес е во посета на општините Долнени и Крушево.
Во 10 часот е предвидено Милошоски да го посети селото Лажани, додека во 11.30 ќе оствари средби со жителите на селото Бело Поле. Во 13 часот ќе присуствува на митинг што ќе се одржи во Долнени.
Во 15 часот ќе посети неколку населени места во Крушево, а ќе присуствува и на митингот што е закажан во Крушево во 17.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.