| четврток, 6 декември 2018 |

Неопходна е комуникација меѓу Грција и Македонија

04122011111046_greece_fyrom_flags
Македонија и Грција сакаат да се најде заемно прифатливо решение за спорот со името и токму затоа комуникацијата меѓу нив е неопходна . Ова е дел од заклучоците на средбата на претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Хајрула Мисини со грчкиот амбасадор во Македонија, Харис Лалакос.

Тие сметаат дека соседите се оние кои треба да си помагаат и изразија верба во надминување на спорното прашање и покрај неговата комплексност.

Мисини го информирле гостинот дека Македонија се наоѓа пред локални избори и потсетил дека од 2005 година имаме статус земја-кандидат за членство во Европската унија, дека четири пати добиваме препорака за започнување на преговори, но сè уште не се започнати, како и за тоа дека земјата води Пристапен дијалог на високо ниво со ЕУ.
Амбасадорот Лалакос истакнал дека е негова обврска да биде мост за подобра соработка меѓу парламентите, парламентарните комисии и Европа. Грција, како дел од европското семејство, се залага и ја смета за неопходна евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан.
Во тој контекст, Мисини додаде дека членството на Македонија во eвроатланските структури ќе придонесе за стабилностоста на земјата, но ќе биде и во полза на соседните земји, како и на Европа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top