Во второто коло од ракометната Суперлига во Македонија во салата во Автокоманда Металург Јуниор, и покрај поразот од 34-26 од Вардар, прикажа одлична игра и успеа да ги намачи ракометарите на Вардар дури и да води во првите 40 минути од натпреварот.
Тренерот на „црвено-црните“, Раул Гонзалес, реши на овој меч да ги одмори стандардните Козлина, Абутовиќ, Ангелов и Брумен.
Резервните играчи на Вардар во последните 15 минути од натпреварот покажаа дека искуството е на нивна страна и до крајот успеаја и да слават со висока победа од осум разлика.
Одлична игра во редовите на Металург Јуниор прикажаа јуниорските репрентативци на Македонија, Талевски и Крстевски, кои постигнаа по пет гола.
На голот беше расположениот Кимевски, кој фати 13 топки.
Кај вардарци најефикасен беше Лазаров со девет гола, а по него следеа Раковиќ со осум, Марковиќ седум и Чипурин со шест гола.
По двата тешки натпревари од СЕХА-лигата и натпреварот од Суперлигата на Македонија, вардарци ќе се подготвуваат за натпреварот од Лигата на шампионите против Фленсбург, кој го играат на гостински терен на 21 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.