Фудбалерите на Арсенал го победија Вест Хем на домашен терен со резултат 3-1 во заостанатиот меч од 34. коло во Премиер лигата.
Два гола за домаќините постигна Подолски, додека еден даде Жиру, а стрелец за гостите беше Џарвис.
Гостите поведоа со голот на Џарвис во 40. минута, а само по четири минути игра израмни Казорла по асистенција на Подолски.
По 10 минути игра во вториот дел, Жиру ги донесе доќаните во водство од 2-1, а конечниот резултат го постави Подолски во 78. минута.
Со оваа победа Арсенал се врати на четвртата позиција, која води во Лигата на шампиони, и сега има еден бод, но и еден натпревар повеќе од петтопласираниот Евертон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Нотингем Форест ја наполни мрежата на „топџиите“: Арсенал елиминиран од ФА Купот
-
Хит понуда пред утрешниот дуел: „Форд Ескорт“ за оној што ќе му даде гол на Арсенал, има и плин