Планираме инвестициски проекти за наводнување на нови 24.350 хектари земјоделско земјиште на територијата на цела Република Македонија во кои спаѓа и втората фаза од проектот за наводнување на јужната долина од реката Вардар.
Ова се дел од проектите во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, Проверено која вечерва пред гевгеличани ја промовираше премиерот Никола Груевски.
-Во програмата се предвидува продажба на парцели за изградба на нови откупно дистрибутивни центри за зеленчук и овошје, заради зголемување на конкуренцијата во откупот на зеленчук и овошје и откупот на винско грозје. Така, за продажба ќе бидат објавени дополнително нови парцели во Гевгелија, во Валандово, во Богданци и во други места во овој поширок регион, посочи Груевски.
Тој истакна дека развојните проекти од земјоделската дејност кои ќе се реализираат од страна на земјоделци помлади од 40 години, да бидат дополнително поддржани преку програмите за поддршка во однос на останатите категории на корисници со дополнителни 5 проценти кофинансирање и зголемени субвенции.
-Предвидуваме поддршка за започнување на земјоделски бизнис со кофинансирање во висина до 90 проценти од трошоците, а предвидуваме и кофинансирање на трошоците до 70 проценти за реструктуирање на земјоделските стопанства. Мерката се однесува на лица до 50 годишна возраст, нагласи Груевски.
Во рамки на низата проекти за земјоделците, Груевски истакна дека во наредните четири години секоја година земјоделците ќе добиваат поддршка од 150 милиони евра, односно тоа значи нови 600 милиони евра за македонските земјоделци и македонското земјоделие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.