
Гласајте ги претставниците на ДУИ зашто ние сме покажале и храброст но и дипломатија точно кога требало. Ова го изјави претседателот на ДУИ и носител на листата за пратеници од оваа партија за Шестата изборна единица Али Ахмети на вечерашниот митинг во Желино.
– Се наоѓаме пред важна состојба и пред важен момент кога со вашата одлука за нас се забрзува процесот на приближување кон НАТО и ЕУ.Се наоѓаме на пат на кој сите што биле победиле и за да се направи тој решавачки чекор, за да не остане Македонија единствената црна дупка на Балканот, туку да се најде таму каде што и е местото, да воспостави добри односи со соседите. Сакаме да се приклучиме кон земјите каде има економски развој, ред и мир, рече Ахмети.
Лидерот на ДУИ истакна дека со идејата за консензуален претседател не се против никого бидејќи таа идеја ја искажуваат јавно и без страв.
– Сакаме со консензус на легитимните претставници од двете најголеми заедници во земјата да промовираме идеја што не ги разделува туку ги зближува граѓаните и носи позитивност. Свесен сум дека политичките елити немаат храброст како ДУИ да поддржат идеја што води напред. Ние иако живееме сите во една држава, за жал, живееме разделени. Ова поднебје треба навистина да биде заедничко за сите за да ги унапредиме процесите важни за сите нас, како Албанците, така и останатите граѓани во Македонија, рече претседателот на ДУИ на митингот во Желино.
Сигурен е, како што рече, дека со механизмот на компромис може да се решаваат сите важни политики за функционирањето на една држава и оти затоа ДУИ е за дијалог, компромис и согласност.
– Сигурен сум дека во овој мандат треба да се намали разликата и да се стопи мразот помеѓу двете најголеми заедници во Македонија, додаде Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


