
ДПА вечерва одржа митинг на селото Слатино, општина Теарце. Лидерот на партијата Мендух Тачи ги повика жителите на селото на изборите на 27 април да гласаат слободно и покрај заплашувањата од противничката ДУИ.
– Нашето мото е „За слобода“, самото гласање да се одвива на слободен начин. Но, начинот на заплашување кој го прави Ахмети е начин на ѓаволот. Со неговиот начин покажува колку е лош кога во прашање е останувањето на власт. Во првиот круг гласаа само членови на ДПА, но затоа ќе има друг резултат на 27 април – рече Тачи, додавајќи дека гласањето значи враќање на слободата на луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


