
„Граѓаните покажаа дека знаат да прават разлика и да дадат поддршка на остварените дела, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Гевгелија.
„Убеден сум дека таа поддршка ќе биде уште поголема на 27-ми април, за 62 пратеника во собранието и за претседателот Ѓорге Иванов“, вели Груевски.
Ги повика оние кои сѐ уште се колебаат, да ги дадат гласовите на оние кои досега постигнаа најдобри резултати, создадоа дела но и да продолжат со реализација на новите 2046 прокети.
Носителот на листата во4-тата изборна единица, Зоран Ставревски, најави влез на нова грчка компанија која ќе инвестира 6 милиони евра за откупен центар на земјоделски производи во Гевгелија.
„Ни давате поттик, мандат да продолжиме со уште посилно темпо и уште поамбициозна програма“, рече Ѓорге Иванов пред гевгеличани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


