| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска: Целта на нашата програма е парите да ги вратиме назад кон граѓаните

sekerinska

Во Скопје власта ја губи поддршката. Главниот град покажа дека сака промени. Да го пренесеме тоа насекаде, да го покаже тоа цела Македонија. Единствено народот може да ги донесе промените, кои толку жедно ги бара, повика Шекеринска од Ново Лисиче.
Шекеринска влегувајќи во дуќаните и разговарајќи со граѓаните ја презентираше програмата на СДСМ за враќање на средната класа во која акцент е ставен и на развивање на малите и средни претпријатија.

-Ние предвидуваме работодавачот да продолжи да плаќа персонален данок на државата, но државата на крајот од годината тие пари да ги врати кај работникот. Со враќањето на ДДВ и персоналниот данок назад кај работниците, семејствата ќе добијат дополнителен приход. Целта на нашата програма е парите да ги вратиме назад кон граѓаните и нивните семејства, рече Шекеринска.
Таа денеска беше и во посета на Кисела Вода каде оствари повеќе средби со граѓаните од оваа населба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top