| четврток, 6 декември 2018 |

Велигденска изложба на учениците на „Лазар Личеноски“ во Музејот на македонската борба

изложба

Оваа година Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје одбележува 70 години од своето постоење.

Одбележувањето на јубилејот започнува со традиционалната изложба на порцелански и гипсани јајца, графики, фрески и икони, цртежи и слики изработени од учениците во нашето училиште по повод големиот христијански празник Христовото Воскресение.

Изложбата ќе биде поставена во  Музејот на македонската борба за државност и самостојност и ќе се отвори на 16 април (среда) во 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top