
Утрово, на 15 април, падна снег во Сараево, Босна и Херцеговина. Снегот почнал да паѓа во понеделникот вечер, а до утринските часови во вторник има толку снег што потсетува на типичен зимски ден. И продолжува да паѓа.

Во БиХ денеска завршува зимската сезона во сообраќајот, кога е задолжителна употреба на зимска опрема. Наместо тоа, од автомото сојузот на БиХ информираат дека сообраќајот се одвива отежнато по патиштата. Метеоролозите најавуваат влошување на времето. Се најавува студено време, а в среда температурата ќе се спушти под нулата. Снег се очекува да паѓа до петок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


