| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на фотографии од Жереми Бишолц во Чифте амам

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија имаат чест да Ве поканат на отворањето на изложбата на фотографии на Жереми Бишолц „СКОПЈЕ НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА ЕДЕН МЛАД ФРАНЦУСКИ ФОТОГРАФ“, в среда 16 април 2014, во 20 часот, во Чифте амам.

Во  текот на еднонеделниот уметнички претсој во септември минатата година, Бишолц направи серија фотографии од главниот град, кои  ќе бидат поставени во галеријата до 30-ти април.

 

Изложбата ќе ја отворат Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија и г-ѓа Маја Неделковска-Брзановска, Директор на Националната галерија на Македонија, во присуство на уметникот.

 

Овој настан се организира во рамките на одбележувањето на 40-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top