| четврток, 6 декември 2018 |

Љубен Арнаудов: Во Охрид почнувале и ќе почнуваат победите!

ВМРО ДПМНЕ вечерва ја продолжи кампањата со митинг во Охрид на кој до сега се обратија кандидатите за пратеници Љубен Арнадудов и Александар Николоски  и Сашо Василески.

Љубен Арнаудов кандидат за пратеник од Охрид меѓу другото рече:

Од овде почнувале и ќе почнуваат победите. Македонија мудро ги носи своите одлуки. Охрид е симболот на почетокот, симболот на светлоста и победата. Во Охрид ВМРО ДПМНЕ покажува како се сака градот и државата. Охрид со ВМРО ДПМНЕ покажува дека има разлика во пристапот и делата. Не постои никаква друга вредност и резерва освен подршката на ВМРО ДПМНЕ која ги гради темелите. Овде зборуваме за дела и проекти и нови инвестиции, и отворање на фабрики и нови работни места, како и автопати кои ќе помогнат за развој на туризмот. Овде тргнува ерата на оптимизмот. Охрид од секогаш знаел да направи разлика. Денес го отвораме бранот на таа разлика. Сосема е јасно дека има разлика помеѓу она што е сработено и она што е ветено. Разликата ја препознаваат граѓаните и затоа ВМРО ДПМНЕ победува и на овие избори.

Сашо Василевски му порача на Стево, бај , бај !

Никола Груевски човек реформатор со кој ќе се одбележи новата историја на  Македнија. Од овде се гледа помалку чудна и збунета слика . Стево, демек се надевале на успех. Да им посакаме бај бај Стево! Може да дојде на лето и да му посакаме добредојде. Мислеа дека и овој пат по 100 ти пат ќе лажат. Власта се одржува со работа,  а не со Фејсбук кампања. Целиот мој живот е кампања. Јас имам три деца. Посветен сум кон професионалниот живот и сум чесен доктор. Државата ми е пред се. Има разлика !  Дозволете, денешниот ден нека е симболика за почеток на голема историска победа на ВМРО ДПМНЕ. Од денес се претстевува тимот на победата и симболот на светлината, со ново парламентарно мнозинство предводено од лидерот и претседал Никола Груевски. Погледот кон политичката ретроспектива покажува дека правецот на Македноја е само напред и треба да се одржува кон постојаност. Овој правец е одржлив само со ВМРО ДПМНЕ. Охрид е мој и ваш град. За прв пат изминатава година видов надеж за развој и реани проекти, откако ВМРО ДПМНЕ ја превзеде власта на локално ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top