| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска најави украинска компанија во Македонија ќе вработи 500 лица

jankuloskasredba

Гордана Јанкуловска, носител на листата во изборната единица 2 на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ најави дека украинска компанија за преработка на бакар, „Константиновски плант оф металурџикал екипмент“ (КПМЕ), украинска ќе инвестира во Македонија.

-Инвестицијата е вредна 200 милиони долари, со план за вработување на 500 лица. Компанијата планира најпрво да направи детални геолошки истражувања на три наоѓалишта во Македонија. Едното од нив е токму во Старо Нагоричане. Процесот на истражување се очекува да заврши до крајот на 2014 година, по што ќе следи изградбата на фабриката, која ќе биде во близина на рудникот, изјави Јанкулоска.

Во периодот од 2014 до 2018 година, додаде Јанкулоска, со заздравувањето на светската економија се очекува да продолжи понатамошниот раст на странските директни инвестиции во Република Македонија, како во Технолошките индустриски развојни зони, така и во индустриските зони во општините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top