| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска: Поддршка за земјоделците со нови 600 милиони евра за субвенции

1jankuloska staro nagoricane

Гордана Јанкулоска носител на лиастата на ВМРО-ДПМНЕ во Втората изборна единица денеска беше на средби со граѓани во општина Старо Нагоричане, Кумановско, пред кои ја презентираше програмата на партијата во делот на мерките што се однесуваат на земјоделството.

– На позитивни реакции наоѓа информацијата дека во следните четири години ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со поддршка на земјоделците со нови 600 милиони евра за субвенции. Посебно ги радува земјоделците новиот проект календар на субвенции, кој во суштина ќе им даде прецизен преглед на датумите кои субвенции кога се исплаќаат што ќе помогне во процесот на планирање на трошоците и, секако, ќе помогне во нивното менаџирање со ресурсите – рече Јанкуловска.

Таа пред жителите од оваа општина го претстави и проектот за помош при осигурување на земјоделските површини.

– Во минатото се покажа дека како резултат на елементарните непогоди штетите беа големи и земјоделците кои ги немаа осигурано своите посеви претрпеа најголема штета и заради тоа државата предлага 60 проценти учество во осигурувањето на земјоделските површини, посочи Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top