
Коалицијата за позитивна Македонија изразува загриженост за слабиот одѕив, 48 проценти од нашите граѓани излегоа на избори. Заклучуваме дека тие беа незадоволни од понудата. Уморна е Македонија од бипартизмот кој се форсира последниве 23 години, изјави денеска претседателот на Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија, Владо Бучковски.
Оттаму искажаа надеж дека со нивната „позитивна кампања“ ќе привлечат повеќе граѓани на гласање, односно ќе има поголем одѕив.
– Ги покануваме сите оние што сакаат во Македонија да се случат позитивни промени да гласаат за Коалицијата за позитивна Македонија. Пред сѐ им се обраќаме на оние што се разочарани од вчерашните резулатати и на неопределените кои немаат понуда на претседателските избори. Убедени сме дека тие ја препознаа економската програма на нашата коалиција и дека ние можеме да бидеме најпријатното изненадување на изборите. Имаме намера со учеството во новата влада да дадеме придонес да се промени начинот на владеење во Македонија – изјави Бучковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


