| четврток, 6 декември 2018 |

Тоти: Верувам дека можеме да го освоиме скудетото

Капитенот на Рома, Франческо Тоти, вели дека неговиот тим сѐ уште има шанси да ја освои титулата во италијанската Серија А иако заостануваат 5 бода зад водечкиот Јувентус.

Клубот од Торино има пет бода предност, но и натпревар помалку од Рома, која во саботата ја совлада Аталанта со резултат 3-1.

– Мораме да веруваме и да одиме напред сѐ додека постои шанса за освојување на титулата – изјави Тоти.

Во оваа сезона капитенот за „волчицата“ одигра 24 натпревари и постигна седум гола. Рома во следното коло иѝ гостува на Фиорентина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top