| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка јавно го запроси своето момче на терен во Србија (ФОТО)

Јуниорската репрезентативка на Србија во ракомет, 20-годишната Сара Гаровиќ го запросила своето момче, 21-годишниот фудбалер Милан Шошкиќ на оригинален начин.

Таа била на теренот покрај клупата за резерви, додека другите фудбалери носеле маици со натпис „Да те волим мало је речи“ по стиховите на песната од Александра Ковач.

zaprosuvanje-500

Милан не знаел што му подготвува неговата девојкаи кога Сара клекнала пред него и му го дала свршеничкиот прстен, тој потврдно одговорил, по што вљубената двојка ги собрала сите аплаузи од присутните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top