Вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња по обработени 99,15 проценти од гласовите изнесува 23.428. ГРОМ се пожали на големиот број неважечки ливчиња на кои било гласано за кандидатот на ГРОМ и за Ѓорѓе Иванов.
-Она што фрли дамка на овој прв круг е големиот број неважечки ливчиња, што е несвојствено, затоа што имаше само едно ливче со 4 кандидати. По нашите сознанија, на над 70 отсто од неважечките ливчиња заокружени биле имињата на Зоран Поповски и на Ѓорѓе Иванов. Дел од нив беа на неколку гласачки места во Злетово, како и во други градови. Овие ливчиња фрлаат сомнеж, бидејќи ГРОМ нема членови во избирачките одбори, туку само набљудувачи, изјави претседателот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски.
Но дали се работи за голем број неважечки ливчиња. Според статистиката на ДИК во првиот круг од последните претседателски избор во 2009 година имало 32.383 неважечки ливчиња од вкупно 1.019.268 гласа. Годинава, од 838.072 гласачки ливиња 23.428 се неважечки. Тоа би значело дека бројот на неважечки ливчиња е помал од оној во 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.