
-Во првиот круг победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и нашата коалиција Ѓорге Иванов со убедлива поддршка. Иванов победи во првиот круг со разлика од околу 118 илјади гласови. Денеска Македонија покажа дека има разлика и дека нашиот народ точно ја препознава таа разлика. Oва е јасна порака дека граѓаните знаат да поддржат чесен приод кон работата и одговоност кон задачите. Ова е недвосмислено изразена волја на граѓаните какви вредности поддржува. Ние сме благодарни за оваа поддршка, и таа ни дава силен ветер во грб за крајната цел. На 27 април ќе ни овозможи победа на претседателските избори и добивање најмалку 62 пратеника. Тоа ќе ни овозможи посветен однос да продолжиме со работата. Ние го победивме СДСМ секаде освен во Арачиново, Сарај, Чучер Сандево, Струмица, Карпош и Центар. Речиси секаде на друго место Иванов победи или имаше огромна поддршка. Денеска Иванов и нашата партија и коалиција победија во сите други општини. Испраќам честитки до сите граѓани за успешно спроведените избори, во мирна и демократска атмосфера. Честитки и до сите кандидати за освоените гласови. Благодарност за сите кои гласаа, кои го поддржаа сегашниот и идниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов. Во наредниот период до 27 април ќе се бориме за секој глас, очекуваме гласови и од тие кои денеска апстинираа од гласање, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во сите други општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија имаат најголема поддршка од граѓаните на Македонија.Да ја искористиме оваа прилика да испратиме честитки до сите граѓани за успешно спроведените избори затоа што Македонија имаше мирен изборен ден, слободни, фер и демократски избори. Честитки и до сите кандидати за освоените гласови и за оние кои го подржаа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, сегашен и иден претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Благодарност и до сите оние граѓани кои денеска гласаа за било кој кандидат и овозможија успешен изборен ден за Македонија Поздравете го Иванов, бидејќи знам дека тој ќе биде претседател за сите граѓани. Пред нас се уште две недели. Успеавме во овој период да презентираме пред граѓаните педесетина проекти, а имаме 2.064. Имаме многу работа во следните 12 изборни дена, заклучи тој.
Груевски истакна дека се надева оти граѓаните кои во овој круг не гласаа ќе имаат доволно аргументи да ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, за кандидатот за претседател и актуелен претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


