
Дозволете да искажам огромна благодарност за големата поддршка. Благодарност за денешниот изборен ден. Оваа поддршка ми дава сила да продолжиме со нашите заложби и со нашата политика. Македонските граѓани имаа избор да се определат за една од понудите на изборите. Денес граѓаните во големо мнозинство го поддржаа нашиот концепт на држење до зборот, за тимска работа, за нови работни места, за нови инвестиции и во сите области. Слушавме многу навреди, но решивме да не одговараме, народот да си го каже своето. Веруваме во народот, народот знае да направи разлика и направи разлика. Поддржа јасен концепт, наспроти навредите. Денес народот им даде одговор на сите омаловажувања и поддржа јасен концепт, напспроти нестабилноста, лагите и навредите, одговори што мисли за претседателските понуди на партиите На 27 април граѓаните ке одговорат со уште една голема поддршка и ќе кажат што мислат за нашиот тим. Двојна победа која ќе донесе 62 мандати. Јас до крај ќе работам за интерес на граѓаните, изјави доцна вечерва кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател Ѓорге Иванов.
Тој додаде:
Мотото беше дека државата ни е пред се, дека државата се нејзините луѓе, нејзините граѓани, граѓаните на Македонија. Јас се обврзав и ќе стојам зад тоа до крај, дека ќе ги почитувам сите граѓани и ќе работам за нивниот интерес и просперитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


