| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски: Ќе се борам до последниот ден

pendarovski 4 (Custom)
Благодарност до сите кои гласаа, 320 илјади гласови се храброст во овие услови. Им честитам на сите кои гласаа денеска за опозицијата. Бројот на гласови на кандидатот за власта, според мое убедување, не е резултат на неговите квалитети, ниту, пак, на успесите на политичката структура која го поддржува, изјави од прес-конференцијата кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски.

Тој порача дека борбата не е завршена.
Ни претстои вториот круг и имам намера до последниот ден да се борам за концептот, вредностите и идеите во кои верувам. До сите оние кои денеска гласаа за мене и за нас, и до сите кои не излегоа од најразлични причини – немојте да паѓате со дух, борбата не е завршена, порача пред малку од прес-конференцијата кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top