| четврток, 6 декември 2018 |

Многу гнев, дрскост и ароганција на прес-конференцијата на СДСМ

pendarovski i zaev (Custom)

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, на прес-конференција не собра сили да му честита на својот противник за водството по првиот круг на овие претседателски избори. Откако стана повеќе од јасно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, убедливо води по првиот круг од овие избори, Пендаровски и лидерот на партијата Зоран Заев излегоа на прес-конференција на која искажаа дрскост, покажаа ароганција и на еден безобразен начин му се обратија на народот.

Тие не упатија честитка до политичките противници.
Да потсетиме дека по парламентарните избори во 2011 година тогашниот лидер на опозицијата, Бранко Црвенковски, излезе и рече: „Народот е секогаш во право, дури и кога греши. До сите граѓани упатувам благодарност што беа храбри и одважни да гласаат за нас. Огромна поддршка се 370.000 гласа. И покрај сѐ што се случуваше во изминатите два месеца, упатувам честитки до Груевски за изборениот резултат“.

Но, овојпат тоа не се случи. Очигледно Зоран Заев, лидерот на партијата, не може да се помири со фактот дека неговиот кандидат ги губи изборите. Гласовите од денеска на некој начин се и показател што ќе се случува на 27 април, кога ќе се гласа за претседател, но и ќе се избира новиот пратенички состав. Тој момент на Заев не му се допадна, па наместо коректно признание дека противникот добил поголема поддршка, тој покажа арогантност и дрскост.

Со сличен став излегуваат и аналитичарите. Тие се непријатно изненадени од настапот на СДСМ на партиската конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top