| четврток, 6 декември 2018 |

МОСТ: Иванов освои 53,14 проценти од гласовите, Пендаровски 38,78

Претседателски кандидати 2014Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следеше со 580 набљудувачи, кои покрија над 15 проценти од избирачките места на територијата на Р. Македонија, односно над 15 проценти од гласачките места во рамките на секоја општина:

Врз основа на податоците добиени од ПВТ програмата за паралелно пребројување на гласовите, одѕивот на гласачките места бил 49,64 проценти. Процентот на неважечки ливчиња е 2,78 процента. Според гласовите за кандидатите за претседател, добиени се следниве резултати:

1. Ѓорге Иванов – 53,14%

2. Илјаз Халими – 4,5%

3. Стево Пендаровски – 38,78%

4. Зоран Поповски – 3,58%

Добиените податоци се со 95% сигурност и со маргина на грешка од +/-1%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top