Атлетико Мадрид го победи Хетафе во градското дерби со 2-0, но го загуби Диего Коста, веројатно, за подолго време. Коста го постигна вториот гол во 84. минута, но притоа и се повреди удирајќи со коленото во дирекот. Претходно Годин во првиот дел му донесе предност на лидерот во шпанското првенство.
Атлетико води со 82 бода на 5 меча до крајот на Примера дивизион, а зад него се Реал Мадрид со 79 и Барселона со 78 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


