| четврток, 6 декември 2018 |

Османи: Изборите во мирна и демократска атмосфера

Изборите поминаа во мирна и демократска атмосфера, што беше и нашата примарна цел, независно што ние на овие избори немавме кандидат и процената ја имаме од средствата за јавно информирање и нашите претставници во избирачките комисии, изјави вечерва портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

– Целокупната оцена е дека изборите поминаа во добра атмосфера. Ние ги мотивиравме нашите членови граѓаните да имаат можност да одлучуваат слободно дали ќе гласаат или нема да гласаат и за кого ќе гласаат. Независно што ние немавме кандидат и не ги повикавме нашите граѓани да гласаат. Кај македонскиот блок имаше натпревар помеѓу двајца кандидати, во албанскиот блок немаше таков натпревар. Имаше референдум за една идеја за или против консензуален претседател. Ќе ги почекаме резултатите, па ќе го кажеме нашиот политички став по однос на тоа која беше одлуката на граѓаните – рече Османи.

Најави дека ДУИ ќе го каже својот кончен став по објавувањето на резултатите од ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top