| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Досега најмирни избори

Според досегашните информации, избирачкиот процес помина без никакви сериозни нарушувања и инциденти по однос на јавниот ред и мир и непречено одржување на гласањето, јавуваат од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата во текот на изборниот ден, генерално, доби најмал број поплаки и барања за интервенција. Овие избори споредбено со претходните избирачки циклуси, врз основа на евидентираните или пријавени неправилности од аспект на надлежностите на МВР, се убедливо најмирните досега.

Според сите согледувања на Оперативниот штаб при МВР, кој во континуитет ги следеше состојбите на теренот, избирачкиот ден, се одвиваше во мирна, фер и демократска атмосфера.

Точно во 19.00 часот се затворени сите избирачки места, со што заврши процесот на гласање и, практично, почна последната фаза од планот за обезбедување на изборниот процес, односно обезбедување на избирачкиот материјал при доставување до општинските изборни комисии, а подоцна и до Државната изборна комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top