
Според нашите првични информации од терен, одѕивот на гласачите е околу 50 проценти. Досегашните информации од изборниот ден говорат дека, за жал, гласањето во голем број избирачки места беше проследено со низа нерегуларности и неправилности. ДИК и надлежните институции имаат обврска во согласност со законот да ги санционираат сите прекршувања на изборниот процес – велат од СДСМ.
Тие сметаат дека кај граѓаните се чувствува изразена волја за промени.
Граѓаните почувствуваа дека кандидатот на СДСМ е профил на кандидат за претседател, кој им дава вистинска надеж. Очекуваме резултатите од изборите да го потврдат ова расположение на граѓаните и масовната поддршка за Стево Пендаровски – велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


