
фото: Телеграф
Кандидатот за претседател на ДПА вели дека од волјата на граѓаните зависи дали ќе го искористат своето право на глас.
Гледам дека атмосферата е мирна, гласачите излегуваат и гласаат слободно, на демократски начин. Верувам дека нема да има инциденти до крајот на изборниот процес и дека ќе заврши со добар резултат – изјави кандидатот од ДПА за претседател на Република Македонија, Иљаз Халими, по гласањето на избирачко место во ОУ „Кирил и Методиј“ во Тетово.
Халими посочи дека, како што рекол и во текот на изборната кампања, има шанси за пласман во вториот круг, дека гласачите се тука и треба да излезат и да гласаат, а дали некој ќе излезе или не, зависи од самиот гласач.
Тој, исто така, слушнал дека постојат притисоци врз гласачите, кои се применуваат на различни начини, закани и слично, но дали некој ќе потпадне под тие притисоци, тоа е друга работа. Халими верува дека граѓаните сами ќе одлучат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


