За опозициските медиуми вчера и денеска, практично, немаше изборен молк. Порталите „Плусинфо“, „Либертас“, „Бриф“, „Фокус“ и вчера и во текот на денешниот ден додека траеше гласањето не престанаа со отворено фаворизирање на кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, објавувајќи стари вести, но и нови информации во кои се спомнуваа политички партии и имиња на политичари.
Во текот на денот додека траеше гласањето „независните“ медиуми од една страна се обидуваа да создадат слика дека на избирачките места се прават изборни нерегуланости, а од друга страна пак објавуваа информации за кои им е повеќе од јасно дека претставуваат кршење на изборниот молк.
Еве што се можеше да се прочита на „Либертас“ за време на изборниот молк:



Вака изгледаше сајтот на Бранко Героски „Плусинфо“ во текот на вчерашниот ден и денеска додека траеше гласањето:

Изборниот молк не важеше ниту за порталот Бриф, исто така близок на СДСМ.


Ликот на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски и текстовите со кои се фаворизира за претседател не се тргнаа од порталот Фокус. На главната страница од овој сајт не беше отстранета ниту насловната од неделникот Фокус на која пишува дека претседателот Ѓорге Иванов не заслужува втор мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


