| четврток, 6 декември 2018 |

И „Рејтинг“ си поплука на кажаното

anketa
Агенцијата „Рејтинг“ излезе со анализа во која кажува дека до 13 часот одѕивот на претседателските избори бил поголем во споредба со претходните во 2009 година, но поради слабиот одѕив во албанските општини, просекот покажувал дека одѕивот е ист.

За разлика од денешните реални процени на „Рејтинг“, агенцијата пред неполна недела излезе со анкета имплицирајќи на тоа дека Пендаровски може да смета на албанските гласови, кога тврдеше дека од 1.560 испитаници, дури 92 осто од анкетираните Aлбанци сметаат дека на Македонија ѝ се потребни значајни промени.

-Дури 92 отсто од анкетираните Албанци сметаат дека на Македонија ѝ се потребни значајни промени, наспроти 62 отсто од Македонците што го мислат тоа – стоеше во анкетата на „Рејтинг“ објавена пред неколку дена.

„Рејтинг“ во истата анкета укажуваше и на тоа дека Пендаровски бил дури и во благо водство во однос на Иванов, но денеска „Рејтинг“ си поплука на кажаното, излезе со тврдење дека одѕивот бил голем, но на сите им се чинело дека е низок бидејки Албанците не излегувале на гласање, истите тие за кои „Рејтинг“ тврдеше дека, наводно, 92 проценти барале промени.

Oчигледно е дека сценариото не се одвиваше според пропишаното и никаде ги немаше гласачите за кои „Рејтинг“ тврдеше дека ќе гласаат за Пендаровски.
Извор: Курир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top