Одзивот на гласачите на претседателските избори до 17:40 часот според Државната изборна комисија е 41,23 отсто односно на гласање излегле 693.091 граѓанин.
Ова се податоци од 3.248, односно 92,48 отсто од вкупно 3.480 избирачки места во земјата. Градови со највисока излезност на денешните претседателски избори се Гевгелија со 60,18 отсто каде на гласање излегле 11.718 граѓани, Прилеп 58,82 отсто или на гласање излегле 36.744 граѓани. Штип со 58,20 отсто односно или 24.267 гласачи, Кавадарци со 57,41 отсто,
Охрид 50,06 каде на гласање излегле 25.608 гласачи.
Во општина Карпош одѕивот е 55,89 отсто на гласање излеге 28.847 граѓани, во Кисела Вода 55,31 отсто – 18.333 граѓани, Кочани 55,24 или 17.454 граѓани, во општина Аеродром 54,32 или 34.731 гласач, Куманово 38,29 или 33.587 гласачи, во општина Центар 53,87 или 23.065 гласачи, Струмица 52,56 отсто или 25.341 гласачи, Велес 52,21 отсто односно на глсање излегле 24.305.
Доста помала излезност, како што изјави на прес конференцијата портпаролката на ДИК Билјана Јовановска има во Тетово каде одѕивот е 20,49 или на гласање излегле 16.315 граѓани, Гостивар 18,86 – 14.501, општина Чаир 13,75 отсто или 7.757 гласачи, Шуто Оризари 24,92 или 5.566, општина Теарце 16,17 или 3.419 гласачи, Студеничани 15,52 отсто или 2.234 гласачи, Дебар 13,41 отсто со 2.317 гласачи, општина Врапчиште 12,13 отсто со 2.947 гласачи, Пласница одѕивот е 10,45 отсто со 497 гласачи излезени, општина Сарај 9,15 со 2.679 гласачи, Боговиње 8,29 – 2.145 гласачи. Липково 8,09 или 1.890 гласачи и во Желино одѕивот до 17:40 инзесува 7,60 отсто или нагласање излегле 1.648 гласачи.
Портпаролката на ДИК, Јовановска потврди дека членови на ДИК биле во посета на Шуто Оризари но не соопшти никакви информации во врска со тоа што констатирале тие таму. Најави дека тие информации ќе бидат соопштени на полноќната прес-конференција.
Според неа сите избирачки места во државата денеска биле отворени за гласање. Според најавите следната прес-конференција на ДИК ќе биде на полноќ кога и се очекува да бидат соопштени првичните резултати од денешното гласање како и одѕивот на гласачите. На претседелските избори во 2009 година одѕивот на гласачите во 18 часот изнесувал 48,73 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


