| четврток, 6 декември 2018 |

Во Крива Паланка до 17 часот гласале 60,25 проценти

Во Крива Паланка до 17 часот гласале 10.413 гласачи од запишаните 17.277 или 60,25 проценти од вкупниот број гласачи во општината.

– Имаме информации од избирачките одбори од неколку избирачки места дека се регистрирани одредени неправилности, но тие не влијаат на избирачкиот процес. Забелешки пристигнале од 2 избирачки места, но тие се решени експресно од страна на општинската изборна комисија, информираше претседателот на ОИК Крива Паланка, Георге Ристовски.

Според податоците од општинската изборна комисија од Ранковце гласањето до 17 часот тече мирно.

– Од вкупно евидентираните 3.110 гласачи кои гласаат на 13 избирачки места, до 17 часот е забележана голема излезеност од 64 проценти или 1986 граѓани, изјави Билјана Тасевска, земеник претседател на ОИК од Ранковце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top