Во општина Дебар од вкупно 17.272 лица колку што се запишани во единствениот избирачки список, до 17 часот правото на глас го оствариле 13,41 отсто.
Според секретарот на Општиската изборна комисија Али Реџа, гласањето се одвива мирно.
– Во пограничното село Спас, односно гласачко место 551 излезноста е нула, што подразбира дека во гласачката кутија нема ни едно гласачко ливче – рече Реџа.
Во единствениот избирачки список, во ова гласачко место се запишани 72 лица со право на глас, сите припадници на албанската етничка заедница. Гласањето го следат претставници на граѓанската организација „Мост“ а повеќе гласачки места се посетени и од набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%



