| четврток, 6 декември 2018 |

Во Куманово 39 отсто од граѓаните гласале до 17 часот

Во општина Куманово до 17 часот правото на глас го оствариле 39 отсто од избирачите, информира претседателката на ОИК Куманово Виолета Арсовска.

Право на глас во општина Куманово имаат 85.203 лица кои гласаат на 167 избирачки места. Во општина Старо Нагоричане право на глас имаат 3.442 лица, кои гласаат на 38 избирачки места. На ниво на оваа општина, информира претседателката на ОИК Тина Костовска до 17 часот гласале 41,06 отсто.

Во општина Липково гласањето се одвива непречено, соопшти престедателот на ОИК Липково Шќибдон Реџепи. До 17 часот гласале 8,09 отсто од гласачите. Во Липково право на глас имаат 20.742 лица кои гласаат на 36 избирачки места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top