| четврток, 6 декември 2018 |

Излези да гласаш: Изборите течат мирно, во тројка најголема излезност

glasanje-izbiri-pretsedatel-(39)

Според информациите кои „Излези да гласаш“ континуиран ги добива од набљудувачите, за текот на изборниот процес, до сега не се регистрирани нарушувања во однос на истиот, имено изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера.

Аналитичкиот центар на Коалицијата “Излези да гласаш“ со обработка на досега пристигнатите  податоците, до 14 : 00 часот, го констатираше следното:

Изборна единица 3,( од вкупно 685 избирачки места, обработени се 629), односно 91,82% и констатирана е излезност од 44,13% односно (од вкупно 263,796 гласачи во обработените места, излегле 116.411).

Изборна единица 5,( од вкупно 645 избирачки места, обработени се 579), односно 89.77% и констатирана е излезоност од 33.87% односно (од вкупно 249,766 гласачи во обработените места, излегле 84,593).

Изборна единица 6,( од вкупно 525 избирачки места, обработени се 455), односно 86.67% и констатирана е излезоност од 11,32% односно (од вкупно 280,446 гласачи во обработените места, излегле 31.757).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Би сакале уште еднаш да нагласиме дека доколку граѓаните сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, може да се обратат до волонтерите на Коалицијата “Излези да гласаш“.  Во случај граѓаните да не се сигурни каде можат да го остварат своето право на глас, со внесување на своите податоци можат да проверат на интернет страната izbirackispisok.gov.mk..

Апелираме до сите институции како и досега навремено да реагираат согласно своите надлежности да им се овозможи на достоинствен начин на граѓаните да си го искористат своето демократско право на глас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top