| четврток, 6 декември 2018 |

Партијата демантира дека пратеникот од нејзините редови нападнал колешка

glasanje-480x320

Партијата од чии редови е пратеникот што беше обвинет од портпретседателката на една политичка партија дека ја нападнал вербално и физички на избирачко место во скопската населба Шуто Оризари ги демантира обвинувањата.

– На избирачкото место во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари г-ѓа (името ќе го соопштиме по крајот на гласањето)  од раните утрински часови е присутна во училиштето со овластување за набљудувач на едно од избирачките места. Наместо да ги набљувуда изборите од избирачкото место каде што има овластување, таа цело време агитира и ги слика гласачите и постојано се движи од едно во друго избирачко место за што нема никакво овластување и врши притисок врз членовите на избирачките места. Сметаме дека (името на партијата ќе го соопштиме по завршување на гласањето) ова го прави со намера за да испровоцира инциденти во општина Шуто Оризари каде што знае со сигурност дека ќе ги загуби изборите со голема разлика“, пишува во демантот на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top