| четврток, 6 декември 2018 |

Политичка партија преку порталите финансирани од Сорос пробува да го извалка изборниот процес

glasanje-izbiri-pretsedatel-(34)

Со наведување на смешни и неиздржани наводни нерегуларности, политичка партија преку порталите финансирани од Фонацијата Сорос се обидува да го извалка изборниот процес, кој според сите надлежни институци се одвива во фер и демократска атмосфера.

Портали финансирани со дел од парите на Фондацијата Сорос постојано објавуваат вести за наводни изборни нерегуларности, без аргументи и без потврдена релевантност, што укажува дека желбата да се оцрни изборниот процес е поголема од тоа да се запазат принципите на објективното новинарство.

На овј начин, порталите кои се блиски до една политичка партија, а финасирани од Сорос, практично и на дело ги оправдуваат парите кои ги добиваат од оваа организација со креирање на бесмислици и лаги.

Наместо да помогнат во изборниот процес и да влијаат во јакнењето на демократските капацитети, задача која барем формално и засега само декларативно ја има во статусот на оваа фондација, овие портали се насочени како да се диквалификува изборниот процес, преку одредени непотврдени случки и измислени настани кои ги користат како наводни показатели за некакви нерегуларности.

За многумина, ова е класично создавање на алиби и е израз на голема слабост, и немање на достоинство на раководството на таа партија да истапи и да превземе одговорност. Од друга страна, партијата од спротивната страна покажува стабилност, сериозност и доследност.

И Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи соопштија дека изборниот процес се одвива мирно, наспроти ваквите манипулативни пишувања на некои портали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top