| четврток, 6 декември 2018 |

Одредени медиуми и во ограбен стан во Аеродром гледаат изборна нерегуларност

glasanje-izbiri-pretsedatel-(37)

Во обидот да создадат амбиент за изборен пораз, одредени медиуми во секој чекор бараат изборни нерегуларности. Отидоа дури дотаму, што бараат регуларности каде ги нема и измислуваат злоупотреби колку да напишат нешто.

Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи не забележаа посериозна нерегуларност на терен, но одредени медиуми се ставија над законот и институциите со единствена цел- на недокажани нерегуларности да создадат терен за изборне пораз.

Смешни се текстовите кои денес ги објавуваат како “откритие“ за нерегуларностите. За некои медиуми, буквално се е изборна нерегуларност. Тие пишуваат за бришење на мастило, за поединец кого го нема во избирачки список, за тоа дека некој го згрешил местото каде ќе гласа. За овие медиуми, нема да не изненади, ако кражба во Аеродром или каменуван воз во Драчево, би значела изборна нерегуларност.

Ваквите информации објавени во дел од медиумите се демантирани од официјални државни органи овластани да го седат гласањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top