| четврток, 6 декември 2018 |

Слаб одѕив на гласачите во Дебар – до 13 часот гласале 7,1 отсто

glasanje-480x320

До 13 часот во Дебар правото на глас го искористиле 7,1 отсто, информираат од Општинската изборна комсија (ОИК). Во единствениот избирачки список се запишани 17.272 лица со право на глас.

Според претседателот на ОИК Адриан Марку, текот на гласањето на денешните петти претседателски избори во оваа општина минува мирно.

– До 13 часот правото на глас го оствариле 7,1 отсто од вкупниот број на гласачи. На сите 27 гласачки места, кои беа отворени во седум часот не се регистрирани никакви проблеми или нерегуларности. Вчера правото на глас го остварија 31 болни и немоќни лица, рече Марку.

Гласањето го следат претставници на граѓанската организација „Мост“ а повеќе гласачки места се посетени и од набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top