
Во општина Кичево на гласачко место 0750 во гласањето било прекинато во 13:25 поради тоа што на 2 гласачи не им било дозволено да гласаат затоа што некој друг веќе бил потпишан на нивното место во Избирачкиот список. Изборниот одбор увидел дека претходните 2 гласачи се потпишале на погрешно место во Избирачкиот список, при што им дозволил на овие 2 гласачи да се потпишат на местата на претходните гласачи. За ова е известена ОИК и се чека да пристигне на ГМ. Гласањето продолжило во 13.35часот.
Оваа информација ја пренесе МОСТ, повикувајќи се на потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии. Тие информираат дека 10 минутен прекин на гласањето имало и на ГМ 1782 во општина Ново Село, каде било констатирано дека пред гласачкото место се вршел поткуп на гласачи и член на ИО реагирал при што настанала тепачка и била повикана полиција.
МОСТ јавува и за уште неколку неправилности на гласачки места. Така во општина Битола на ГМ 0047, 0070 и 0081, на ГМ 1030 во општина Куманово, како и ГМ 2615 и 2622 во општина Карпош видливото мастило се брише со влажни марамчиња.
На ГМ 0671 во општина Кавадарци еден гласач одбил да биде обележан со видливо мастило при што ИО направил записник за случајот.
На ГМ 2156 во општина Велес член на ИО му помогнал на гласач кој не можел да гласа сам. Гласачот со себе довел лице кое требало да му помогне при гласањето, но ИО не му дозволил да му помогне бидејќи лицето претходно гласало.
На ГМ 2948/1 во општина Бутел член на ИО води свој рачно напишан список за евиденција на гласачите. Прво ги проверува гласачите во својот список а дури потоа во Избирачкиот список.
Пред ОУ Браќа Миладиновции (ГМ 1853) во општина Струга и ОУ Климент Охридскии во општина Битола (ГМ 0119) забележани се лица кои ги евидентираат гласачите кои влегуваат на гласачките места.
На ГМ 1858 во општина Струга еден гласач го фотографирал гласачкото ливче. ИО реагирал, но гласачот избегал од гласачкото место. ИО го пријавил инцидентот во полиција.
На ГМ 2761 во општина Кисела Вода ИО ги чита на глас имињата на гласачите, а членовите на ИО не носат акредитации. Читање на глас е забележано и на ГМ 0091 во општина Битола.
На ГМ 0884 во општина Чешиново-Облешево двајца гласачи јавно кажале за кого го дале својот глас, додека пак двајца гласачи на ГМ 0188 во општина Могила и 1 гласач на ГМ 0839 во општина Кочани на ИО му го покажале гласачкото ливче пред да го стават во гласачката кутија.
На ГМ 1706 набљудувач на организацијата Излези и гласај се претставил како набљудувач на МОСТ, а немал овластувања од асоцијацијат.
Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите до 11 часот е 14,16%, до 12 часот е 19,88%, а до 13 часот е 25,31%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%


