Севилја го победи лутиот градски ривал Бетис со 2-0 и го испрати во втората шпанска лига. Кевин Гамеиро со два гола го потона Бетис и го испрати во популарната Сегунда Дивизија.
Бетис рано остана и без играч, по исклучувањето на Карлос, а и онака минималните шанси за опстанок исчезнаа по голот од пенал на Гамеиро, играч што постигна уште еден погодок за конечни 2-0.
Севилја ја задржа петтата позиција со 56 бода, 3 помалку од Атлетик Билбао, кој е на четвртата позиција, последна што обезбедува настап во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето


