
Изборите течат во демократска атмосфера, мирно и без никакви проблеми, потврдуваат од ДИК.
– Засега не се забележани нерегуларности и се тече според предвиденото. Oтворени се сите избирачки места во 7 часот, нагласи на денешната прес-конференција портпаролот на ДИК Билјана Јовановска.
Oд досега добиените податоци и направениот пресек до 10 часот и 45 минути за претседателските избори за четворицата кандидати за претседател, процентот на излезност е 9,16 проценти односно 139.846 гласачи, од вкупно 1.779.572 граѓани на Република Македонија во 3.480 избирачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


