| четврток, 6 декември 2018 |

Гласачките места во Делчево, Македонска Каменица, Берово и Пехчево беа отворени навреме

Novi-sliki-glasanje-13

Во четирите општини на Пијанечко-малешевскиот регион (Делчево, Македонска Каменица, Берово и Пехчево) сите гласачки места се отворени во 7 часот. Гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера.

Од Општинската изборна комисија во Делчево информираат дека 15.004 гласачи своето демократко право можат да го остварат на 36 гласачки места. Во текот на вчерашниот ден гласале 166 болни и изнемоштени лица.

Изборниот процес во овој дел на државата го следат повеќе набљудувачи од Граѓанската асоцијација „Мост“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top