Во Куманово денеска гласаат 215 болни и изнемоштени лица кои приложиле медицинска документација. Гласањето се одвива и во затворот К’шање каде што гласачкото место отворено е навреме. Дебар право на глас остварија 31 болни и немоќни лица, во Струга 78 болни и немоќни луѓе. Во сите градови во држвата денеска гласаат болните, изнемоштените, се гласа во затворите и домовите за стари лица.
– Гласањето на полнолетните граѓани кои се во категоријата болни и изнемоштени се реализра без никаков проблем, изјави секретарот на Oпштинската изборна комисија во Дебар.
Во избирачкиот список за општина Дебар запишани се 17.272 лица со право на глас. На утрешните петти по ред претседателски избори ќе се гласа на 27 избирачки места што е за три избирачки места повеќе.
На територијата на Општина Струга право да гласаат на утрешните избори за претседател на Македонија, имаат 57.983 граѓани.
На овие избори ќе бидат отворени и 23 избирачки места повеќе, така што наместо во досегашните 78, ќе има вкупно 101 гласачко место.
Во Куманово право на глас имаат 85.203 гласачи кои ќе гласаат на 167 места од кои 39 се нови гласачки места.
Во општина Липково право на глас имаат 20.742 лица кои ќе гласаат на 36 гласачки места од кои десет избирачки места се нови. Во Старо Нагоричане ќе се гласа на 38 избирачки места, а право на глас имаат 3.442 лица.
Утре во Кавадарци ќе бидат отворени 60 гласачки места, а правото на глас ќе имаат можност да го искористат 32.381 избирач евидентирани во единствениот избирачки список.
Според информациите од претседателската на ОИК Кавадарци, Марија Јованова во текот на денешниот ден можност за гласале имале 170 болни и немоќни лица, а гласањето поминало без проблеми.
Во Неготино во избирачкиот список се евидентирани 16.005 граѓани со право на глас, а ќе бидат отворени 28 избирачки места. Денеска ВО Неготино гласаат 133 болни и немоќни лица.
Десет избирачки места ќе бидат отворени во Росоман, а во Демир Капија со право на глас се 3420 граѓани Таму ќе бидат отворени 11 гласачки места. Денеска своето право на глас го искористија 37 болни и немоќни лица, информира претседателот на ОИК Младен Петров.
Денеска гласа и дијаспората со 8332 лица со право на глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%


