Потрагата за малезискиот авион, во која што учествуваат осум држави, со 17 бродови и 19 летала, конечно може да се исплати.
Властите се прилично убедени дека се близу до пронаоѓање на црните кутии, кои може да ги одведат истражителите до делови од авионот, за кој што се верува дека се урнал во Индискиот океан.
Радио станицата во Перт објави дека новинарот Џефри Томас открил дека црната кутија од авионот конечно е најдена. Тој создаде вистинска збрка, кога напиша на „Твитер“ дека „црната кутија конечно е пронајдена“.
Сепак, официјални лица од австралиската власт објавија дека се прилично убедени дека сигналот кој што го регистрирале доаѓа од црните кутии, но дека потрагата за авионот може да трае уште долго.
Батериите на црните кутии сега се речиси празни, па повеќе не емитуваат сигнали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



